Мадона е очигледно спремна на сè за да покаже дека нејзината врска со младиот Брахим Заибат е сериозна, а не само каприц. Познатата пејачка одлучила да научи француски со цел да може со својот дечко да комуницира на неговиот мајчин јазик. Си најмила професор по француски и се надева дека што поскоро ќе ги совлада барем основите на овој јазик.
– Мадона работи на својот албум, но некако успева да ги вметне часовите по француски во својот набиен распоред. Нејзиниот дечко е импресиониран и смета дека сето тоа е слатко. Мадона, исто така, почна да бара и куќа во Франција“, тврди еден извор за британскиот весник „Mirror“.
Пејачката и нејзиниот 30 години помлад дечко се во врска веќе неколку месеци и иако летото се зборуваше дека ја прекинале врската поради разликите во религиите, сето тоа се демантираше со фотографиите од нивното заедничко летување.