Околу 20.000 билети биле распродадени во рекордно време за последната корида која ќе се одржи денес во Барселона. Во арената Монументал ќе настапат за последен пат најдобрите шпански матадори. Откако со петиција биле собрани 180.000 потписи за укинување на коридите во Каталонија, која била спроведена од страна на организациите за заштита на животните, било изгласано отповикување кое ќе стапи на сила од 1 јануари 2012 година. Ова е последната корида за оваа сезона во Каталонија. За сега, коридата била укината само на Канарските Острови и Каталонија, а организациите за заштита на животните ќе се обидат да ја укинат и во другите делови на Шпанија. Луѓето кои се противат на таквата одлука изјавиле дека коридата е дел од културното наследство и мора да биде заштитена и сочувана, известува HRT.