Невестата со најдолгиот превез во светот
25 септември, 20110

Италијанката Елена Де Анџелис ќе биде запаметена како невестата со најдолгиот превез во историјата.
Имено, Елена на својата свадба во Неапол носеше превез долг речиси три километри.
Повеќе од шестотини гости мораа да и помогнат при носењето на белиот свилен превез, а илјадници луѓе ја следеа од страна, додека невестата одеше по италијанските улици.
Два метри широкиот превез е дизајниран од страна на Џани мол Кампанија и влезе во Гинисовата книга на рекорди.