Самиот назив стомачен танц потекнува од француската фраза „dance du ventre“, односно танц со стомакот. Многумина го прифатија овој назив како историски факт, иако според многу историчари „стомачниот танц“ е туристичкото име на за ориенталниот танц на жените.
Во земјите од Ориентот и Блискиот Исток, стомачниот танц се учи уште од рана возраст. Во денешно време интересот за овој танц е толку зголемен, што може да најдете часови за стомачен танц во скоро сите земји од светот.
Стомачниот танц е уметност, и многумина уживаат во неговата изведба, било како учесници или само како гледачи. Танцот се заснова на сензуалност, заводливост и движење со колковите и стомакот во ритамот на музиката. За да го научите потребна ви е упорност и многу вежбање, но и вроден талент. Да не ги заборавиме и прекрасните костими, кои дополнително ја доловуваат егзотиката и сексипилноста на стомачните танци.
Стомачниот танц нуди телесна, но и душевна рамнотежа. Овој танц ви нуди кардиоваскуларна вежба и помага во зачувување на еластичноста и силата на телото. Танцот се фокусира на стомачните мускули, но ги зацврснува и носете и е одличен лек против целулитот и масните наслаги. Овој танц не познава старосни граници – погоден е за сите возрасти.
Со вежбањето на стомачни танци подобро го запознаваме нашето тело, па со тоа подобро се чувствуваме и имаме поголема самодоверба. Многумина кои го практикуваат стомачниот танц велат дека ги исполнува со позитивна енергија која им е потребна во животот.
Многу познати личности практикуваат стомачен танц. Секако, најпозната е Шакира која во своето танцување вметнува и латиноамерикански и ориентални стилови. Тука се и Бијонсе, Нели Фуртадо, Кристина Агилера, Ријана и многу други, кои велат дека стомачниот танц е во голема мера заслужен за нивниот добар изглед.
Затоа, пуштете музика која ќе ве инспирира и започнете да танцувате!!!