Во подготовка е новата Гага!

popara26 септември, 20111min00
gaga

Пејачката потврди дека веќе почнала да работи на својот нов албум.

–          Веќе почнав да го спремам новиот албум. Ја планирам наредната турнеја и многу сум возбудена бидејќи имам премногу нови идеи и со сигурност знам како сето тоа ќе изгледа, – изјави пејачката кога гостуваше во радио емисијата на Рајан Сикрест.

Гага најави и дека на настапот во Лас Вегас ќе изведе мистериозен дует, меѓутоа не сакаше да открие со кого и за што всушност се работи.

–          Го планирам и следниот видео спот. Имам многу работи да направам, но се чувствувам најживо кога сум на сцена, – додава славното чудовиште.

Објавувајќи го албумот „Born This Way“ порано оваа година, Гага ги сруши сите рекорди на слушаност и продажба, а само во првата недела по излегувањето на абумот тој беше продаден во 1,1 милион примероци во САД и се искачи на првото место на Билбордовата листа за најпродаван албум.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma