Мостарското деби едноставно неможе да помине мирно и тивко. Навивачите на Зрински истрчаа на теренот и ги бркаа играчите на Вележ.
Во Босна и Херцеговина започна уште еден бран на насилство меѓу навивачите. По минатиот викенд во Бања Лука, кога навивачите на Борец истрчаа на терен и ги нападнаа приврзаниците на сараевскиот Железничар, вчера беше прикнато и мостарското дерби меѓу Зрински и Вележ.
До немилиот инцидент дошло кога Ријад Демиќ постигнал гол, а со тоа и водство за Вележ. Незадоволните домашни навивачи истрчале на теренот, а тогаш судијата бил приморан да го запре натпреварот.
Полицијата употребила и солзавец за да ја растера толпата од лути хулигани. При интервенциите четворица полицајци биле повредени.
Погледнете дел од овој инцидент:
httpv://www.youtube.com/watch?v=TZm3TfNP0qM