Паника во Србија – поради геј парадата полицијата почна со „чешлање“ на профилите на социјалните мрежи Facebook и Twitter .
Српската полицја и обвинителството со денови истражуваат низ профилите на социјалните мрежи и бројни други интернет страници, во потрага за оние кои се закануваат и повикуваат на пресметка со учесниците на геј парадата во Белград, која треба да се одржи во недела.
Бројни припадници на екстремистички организации и навивачки групи од цела Србија се повикуваат во полициските станици на информативни разговори. Проверките на интернет стануваат се поинтензивни.
„Ги преземаме сите потребни мерки за да се спречат нередите и насилството на улиците во Белград. Постојано се проверуваат интернет страници, форуми и социјални мрежи на кои повикуваат на насилство и претставуваат закана“, изјавил официјален претставник од српското МУП.
Не е тешко да се открие од каде доаѓаат заканите
ИТ експертот, Драган Варагиќ, открил дека полицијата секогаш може да открие од кој компјутер е испратена закана. До таквите лица лесно може да се дојде со помош на компјутер и интернет“, додал тој.
Горан Милетиќ од организацискиот комитет на геј парадата потврдил дека со уште неколку геј активисти бил повикан во полиција на информативен разговор, како и да дадат изјави за заканите кои се упатуваат кон нив.
„Тоа се пораки од типот: „уби“, „прободи“, „уништи“, упатени кон цела ЛГТБ поулација, но и на оние кои не поддржуваат“, додал Милетиќ.