Facebook си ја призна и поправи грешката!

popara30 септември, 20111min00
facebook login

Facebook призна дека ги следел корисниците за тоа кои страни ги користеле по напуштањето на нивната мрежа. Сосема логички е да помислите дека Facebook по одлогирањето ќе престане да ве нагледува, но тоа очигледно не било така во праксата, а за откривање на тој пропуст можете да му се заблагодарите на Австралијанецот Ник Кубриловиц, кој тоа го заклучи на својот технолошки блог.

Надлежните од Facebook тврдат дека овој пропуст во прилагодувањето на приватноста е навистина случајна грешка, бидејќи софтверот кој ги следел и кој им праќал информации на компанијата не бил намерно програмиран туку ненамерно и автоматски тој им читал во компјутерите на корисниците. Информациите кои биле праќани на Facebook-овиот сервер можат да вредат најмалце милијарда долари , бидејќи овозможуваат „цели во маркетиншката кампања“.

Од Facebook велат дека ја корегирале својата грешка, па притоа му се заблагодариле на Кубриловиц за откриениот пропуст, за кој се уште не знаеме и дали е навистина пропуст, и дали е автоматски оттргнат. Така Кубриловиц откри како се создаваат „cooki“, кој ви ја следат активноста на интернет. Сепак тие и понатаму постојат, иако од Facebook тврдат дека дека тие повеќе не праќаат информации кога корисникот е одјавен од профилот. Во случај да сте пријавени на Facebook серверите , и понатаму ќе примаат информации за вашата активност на интернет се додека не ги избришете рачно од својот компјутер.

„Вистина е, поставувавме cooki на електронските сметала на корисниците. Некои ни праќаа информации и по одјавувањето на корисникот. Но тој пропуст го исправивме и средивме да cooki во иднина повеќе да не ги вклучува единствените информации кога корисникот ќе биде објавен“, истакна челникот на Facebook.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag