За да избегам од татко ми, завршив во бордел!

popara30 септември, 20111min00
prostitucija

Малолетната – З.Ј. (сега 27 години) од Војводина имала само 16 години кога си заминала од дома, бидејќи нејзиниот татко ја злоупотребувал. Жената која и понудила “помош” ја вовела во светот на проституцијата.

Ниту самата знам каде се сум била. Во еден момент завршив на улица, каде што работев по 15 часа на ден. Не можете ниту да замислите што се може да се случи кога судбината ќе си поигра со вас, а во неволја ви се најде, само навидум, добронамерна личност – ја започнува својата потресна животна приказна З.Ј. (27 година) од Војводина.

– Најлошото е кога си сам. Кога немате на кого да се обратите – вели оваа девојка која имала само пет години, кога мајка и починала. Останала сама со татко и, кој до нејзината 16-та година ја злоупотребувал.

Лажни ветувања

Ја натерал да избега од дома…да “избега” во проституцијата, во која ја вовлекла жената која и ветила помош – која и понудила дека ќе работи како чистачка во хотел.

– Бевме сиромашни. Завршив само трето одделение, а сега се прашувам како може некој да дозволи децата да не одат на училиште. Татко ми ме злоупотребуваше…постојано се расправавме, па затоа на свои 16 години избегав од дома. Скитав низ градот, запознавав различни луѓе, вклучувајќи ја и жената која беше премногу грижлива и внимателна. Ми понуди работа како чистачка во хотел. Таа рече дека ќе се грижи за мене, а јас и поверував – раскажува З. Ј..

Веднаш по пристигнувањето се уверила дека не постои хотел.

– Тоа беше некакво кафуле. Позади кафулето беа собите. Се исплашив и прашав каде е хотелот. Ми беше кажано да имаат дел за оние гости кои сакаат да преспијат овде, но дека подоцна ќе разговараме за тоа. Беа пријателски расположени и љубезни. Потоа, ме одведе кај еден човек…. сфатив дека тој беше газдата. Тој ми кажа дека мојата задача е гостите да бидат задоволни, да ги забавувам, единствено требаше да се смешкам и дека секое утро имам обврска да го исчистам кафулето. Само опуштено, нема причина да се плашиш, ми рече тој, и ми објасни дека можам многу добро и лесно да заработувам доколку сакам. Ми објасни дека гостите во кафулето доколку сакаат да ме почастат со пијалок, дека треба да се обидам да извлечам од нив најмногу што можам, бидејќи од тоа ќе зависи мојата плата. Дури подоцна сфатив дека од платата, ми одбиваат за стан, храна, облека и за останатите трошоци кои ги правам во кафата – продолжува З.Ј..

Уште првиот ден, вели таа, дека видела како некои жени одат во собите заедно со некои гости. Таа прашала што се случува, но никој не сакал да и каже се додека следниот ден сама не видела.

– Дојде газдата и ми рече дека еден од гостите сака да помине малку повеќе време со мене. Тоа е можност да заработиш повеќе и сите други девојки го прават истото, воопшто тоа не е срамота, ми објасни. Се згрозив од самата помисла и му реков дека не сум заинтересирана. Наредната секунда збесна. Почна да вика дека сум глупа и наивна и дека сето ова не е игра. Врескаше како тој сето тоа го прави за мене, дали сум знаела колку јас него го чинам и дали мислам дека можам да се зафркавам со него. Ми залепи една шлаканица пред сите… ми рече дека знае дека немам каде да одам, дека сум никој и ништо и ми се закани дека ќе ме убие доколку помислам да побегнам или се пожалам на некого. Беше ужасно – се сеќава таа.

Таа ноќ првпат спиела за пари.

– Еден келнер ги наплаќаше овие услуги, а парите ги чуваше газдата. Многу ретко, единствено кога беше добро расположен ни даваше да си купиме облека, парфем. Во ова кафуле доаѓаше целиот град и сите се познава. Работев за него неколку години, а потоа заедно со две девојки не продаде некаде на границата со Босна. Навистина не знам каде се не сум била и што се не ми се случи во текот на наредните две години! Завршив на улица каде што морав да работам повеќе од 15 часа на ден. Неколку пати бегав, но никогаш не успеав да избегам. Полицијата неколку пати не уапси, но секогаш не пуштаа со прекршочна пријава. Се однесуваа со мене како да сум криминалец…не знам, можеби и сум станала. Немав на никого да се обратам со никого да разговарам. На крајот, не можете на никого да верувате. Само се обидувате да преживеете, а толку често и силно ви ја кршат самопочитта, што во еден момент се ви е сеедно – со ужас на својот лик продолжува да раскажува.

Ја спасила полицијата

Од ваквиот живот, сепак била спасена од полицијата, после извршувањето на една рација.

– Кога ме приведоа дадов изјава, па ме испратија во Привремен дом, под закрило на НВО “Атина“. Овие луѓе ја здобија мојата доверба и им раскажав сé. На крајот, некои луѓе без казнети, но некои не. Сега се е во ред. Колку-толку ги санирав физичките и психичките рани. Работам, завршив дури и училиште – ја завршува својата приказна З.Ј..

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma