Во Чонкинг, Кина мештаните имаа прилика да видат мошне необична слика. Од соседната зграда, која е катна каража еден возач случајно ги помешал педалите, па наместо на кочница стиснал на гас и излегол од вториот кат. Возилото го срушило ѕидот и до половина излегло надвор. Соседите слушнале силен звук, како експлозија по што излегле да видат што се случува. Се загрижиле за возачот, бидејќи од активираните воздушни перничиња не знаеле дали има жртви, но по кратко време тој излегол без повреди.