Познатиот топ модел и ангел на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул качи некое килце и заличи на човек. Манекенката, која беше премногу слаба, сериозно ги сфати критиките заради нејзината тежина и се потруди да ги врати облините заради кои беше избрана да биде едно од водечките лица на Викторија Сикрет.
Свонпул направи нова фотосесија во бикини со која ја претстави новата колекција за наредната сезона. На фотографиите, направени во Бора Бора, манекенката изгледа заводливо, свежо и далеку посекси отколку претходно.
На фотографиите направени пред неколку месеци Свонпул изгледа како да излегла од Аушвиц. Таа тогаш се пожали дека нема време да јаде бидејќи има премногу обврски, па менаџментот на Викторија Сикрет се погрижи да ја растерети малку и да и даде време да се врати во форма, зашто никој не сака манекенки кои изгледаат како костури.