Во земјотресот во Кина загинале 22 лица, повеќе од 200 се повредени

popara10 март, 20111min00
kina1
Во денешниот земјотрес во југозападниот дел на Кина, според најновите информации, загинале 22 лица, а повредени биле повеќе од 200 луѓе. При потресот се урнати повеќе куќи, оштетен е еден хотел и супермаркет, а според зборовите на очевидци, повеќе луѓе останале затрупани под урнатините, јавува државната новинаска агенција Синхуа, пренесува Нетпрес.
Државната телевизија јавила дека земјотресот погодил многу луѓе, меѓу кои имало и ученици и студенти. Епицентарот на земјотресот, кој се случил околу еден час по полноќ по локално време, бил на 225 километри југозападно од градот Далија во провинцијата Јунан, во близу на границата со Мјанмар, пренесуваат агенциите. На сајтот на кинеската влада е објавено дека земјотресот бил со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри, додека Американскиот геолошки институт соопштил дека земјотресот бил со магнитуда од 5,4, на длабочина од 35 километри. На терен биле испратени повеќе од 400 војници кои требале да ги спасуваат луѓето од под урнатините. Според извештаите на агенција Синхуа, во таа област во текот на последните два месеца имало повеќе од 1.000 мали потреси.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag