Иако последниве години живее мирен семеен живот со Ванеса Парадис и нивните деца, Џони Деп минатиот викенд повторно се откачи како во деновите кога неуморно се забавуваше со својата поранешна девојка Кејт Мос.
Всушност, актерот видно зашеметен, е снимен во текот на ноќното забавување во Лос Анџелес, а изгледа дека вечерта била доста весела, бидејќи Деп во еден момент воопшто не успевал да застане на нозе.
Се обидел да му помогне пријателот, но тогаш и двајцата завршиле на подот…