Секојдневно рутински извршуваме некои активности за кои сметаме дека се сосем незначајни, и немаат никакво влијание на нашата тежина. Но, научниците дошле до следниот заклучок.
Слушањето музика додека јадеме не тера да јадеме повеќе. И кога слушаме класична музика се опуштаме и јадеме. Обично во рестораните е пуштена ваква музика која не опушта и не тера да нарачуваме многу храна. Брзата музика пак, го забрзува јадењето и најчесто ја јадеме целата чинија уште пред да осетиме дека сме сити. Истото се случува и кога јадеме и истовремено гледаме тв или седиме пред компјутер. Тогаш внесени во она што го гледаме јадеме многу повеќе. Затоа кога јадете практикувајте да јадете без музика, барем кога сте дома.
Кога јадеме стоејќи, имаме чувство дека внесуваме помалку храна, и нашето тело многу наскоро бара храна повторно. Доколку јадете стоејќи во кујната, ќе го забележите ова. За промена седнете на стол. Ќе забележите дека ќе имате поголема контрола над количината на храната.
Кога јадете од се по малце, правите најлошо. Луѓето кои сакаат да мешаат и да пробуваат различни вкусови го имаат овој проблем. Сметаат дека не е ништо ако чепнат од се по малце. Но, вистината е дека овие луѓе јадат двојно повеќе од останатите.