Србин и Хрват загинале на Мон Блан

popara18 март, 20111min00
alpinisti1
Алпинистите Игор Скендер (25) од Белград и Тони Росо (21) од Макарска, Хрваткса, загинале обидувајќи се да се искачат на Мон Блан на француските Алпи. Мртвите тела на двајцата алпинисти ги нашле спасувачки екипи во средата, на височина од околу 3.100 метри, пишува српскиот весник “Курир“, пренесува Нетпрес. Нема информации како тие загинале, а причините за трагедијата се утврдуваат.
“Припадник на планинската служба со двоглед забележал нешто сомнително во снегот во подножјето на врвот Дроа, кој е на височина од околу 4.000 метри. Спасувачки хеликоптер се обидел да се приземји, но поради лошото време не успеал. Спасувачките екипи попладнето успеале пеш да стигнат до местото на несреќата и во снегот откриле две беживотни тела“, објавиле француските медиуми.
Според тамошната полиција, сеуште не е познато како алпинистите загинале.
“Засега не се знае дали Скендер и Росо пандале од карпа или пак загинале при обид да се спуштат. Она што знаеме е дека еден очевидец ги видел живи еден ден претходно“, соопштила полицијата.
Тони Росо бил еден од најперспективните хрватски алпинисти, член на макарскиот алпинистички клуб “Икстрим“, додека неговиот колега Скендер бил еден од најдобрите алпинисти од помладата генерација во Србија. Тие двајца честопати заедно се искачувале и освојувале планински врвови.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag