Либија ќе биде воено нападната, одлучи ООН

18 март, 20110
1
Сoветoт за безбедност на ООН ноќеска изгласал извршување на воени напади, со цел да биде запрена офанзивата на силите лојални на Моамер Гадафи, против опозицијата. Првите воени напади се очекува да се случат кусо време по изгласувањето.
Резолуцијата дозволува употреба на “сите неопходни мерки“ за заштита на цивилните реони и налагање на сопирање на огнот на трупите на Гадафи.
За бомбардирање на Либија гласале 10 земји членки, ниту една не била против, а пет биле воздржани, меѓу кои и постојаните членки Кина и Русија, кои сепак не го искористиле правото на вето.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *