Според американскиот туристички магазин „Травел плас лежр“, малото живописно село сместено на врвот на карпа, на надморска височина од 340 метри, е едно од најубавите села во светот. Станува збор за Гордес во Франција, а овој скапоцен камен на Прованса секоја година привлекува посетители од целиот свет поради својата безвременска убавина, културно богатство и шарм. […]












