Од палатата во Кенсингтон порачаа дека сите кои ќе бидат повикани на церемонијата на венчавката на 19 мај во дворецот Виндзор, ќе бидат повикани и на ручек во домот на кралицата Елизабета Втора. Подоцна тој ден, во вечерните часови, 200 гости ќе присуствуваат во приватен прием, во околна куќа, чиј домаќин ќе биде принцот Чарлс. […]












