Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон планираат тајно патување во Соединетите Држави за да ја посетат новородената ќерка на принцот Хари и Меган Маркл, малата Лилибета Дајана Маунтбатен-Виндзор. Извори на „Ентертејмент тајмс“ велат дека Вилијам и Кејт на патувањето ќе ги однесат и своите три деца, седумгодишниот Џорџ, шестгодишната Шарлот и тригодишниот Луис. […]












