Аксесоарите претставени од брендот ги реализираат крајно женствените акценти во модата за оваа година. Чантите се потопени во меки и нежни пастелни бои и декорирани со огромни панделки кои се заштитниот знак на колекцијата.
Бразилската топ манекенка Жизел Бундхен ни ја претстави својата нова колекција долна облека насловена како Brazilian Intimates создадена во соработка со бразилката модна марка Hope. Убавицата ќе ја видите во една женствена и емотивна рекламна кампања, истовремено романтична и секси. Бундхен не можеше да избере посоодветно лице за рекламната кампања на колекцијата од самата неа.
Дизаајн со висок стил, романтика и модерни вибрации се накратко основните модни тенденции во моментов, а кои можеме да ги видиме во новата пролет – лето колекција на Braccialini за 2012 година. Од ултра екстравагантни до крајно исчистени, чевлите од новата колекција дефинитивно го привлекуваат погледот.
Најновата колаборација помеѓу овие два бренда создаде лимитирана колекција од три модели Missoni за Converse. Патиките се со класичната основа на моделот, а италијанската марка го менува обликот на овие патики единствено со своите карактеристични принт мотиви.
Со големо задоволство ќе ви ја претставиме новата пролетно – летна колекција на Swarovski за 2012 година. Разгледајте ја оваа впечатлива серија накит и станете дел од светот на кристалите, скапоцените камења и бисерите.
Оваа колекција е создадена под мотото „фестивална мода“ и навистина е во еден специфичен и слободен дух, дух на младоста и индивидуалноста. Малку шик, малку хипи и малку боемски дизајн во светли бои – една навистина уникатна арт творба.
Познатата британска дизајнерка, Вивиен Вествуд создаде специална колекција инспирирана и во чест на кралицата Елизабета Втора. Името на колекцијата е Red Carpet. Инспирирана од фустаните кои Елизабета ги носела низ годините, колекцијата на Вивиен Вествуд е решена во боите – основно златно и бакарно.
Неверојатните аксесоари на Валентино владеат со женските срца насекаде по светот. Новата пролетна колекција на брендот е инспирирана од актуелниот женствен стил и вклучува еден неверојатно голем избор од големи, средни и мали чанти. Стилот на чантите е една прекрасна комбинација меѓу минимализмот и исчистената силуета. Во колекцијата ќе видите и анимал принт, женствени детали […]
Класичните модни тенденции се најлесниот начин по кој можеме да останеме актуелни во било која сезона. Единствено што треба да обрнете внимание се сезонските бои и модели и да си создадете сопствен елегантен и женствен стајлинг кој секогаш е дел од модните тенденции. Убаво е кога модните тенденции работат за вас, но уште поубаво е […]
Пролетната колекција чевли на Диор внесува добро расположение, свежина и бои во новиот пролетен стајлинг, бидејќи ова е воедно и основниот тренд за оваа сезона – комбинација од силни и впечатливи бои. Во колекцијата на Диор има високи гламурозни подпетици, платформа и удобни ниски чевлички, но сите се подеднакво убави и модерни.
Израелската дизајнерка која живее и твори во Германија ја претстави својата свадбена колекција за пролет-лето 2012. Оваа колекција свадбени креации е создадена за современата невеста со доза романтика. Исто така силен впечаток прават модерните елементи во оваа комбинација. Лесните материјали и современата силуета се основната црта за оваа сезона.
Карл Лагерфилд употребил неверојатни бисери и цветни мотиви за да создаде една прекрасна женствена колекција накит. Новата пролетна колекција накит од Шанел ги следи најновите модни тенденции и претставува совршено надополнување на пролетниот стајлинг кој во основни линии е исто така нежен, женствен и со претежно цветни мотиви.
Модниот бренд создава се повеќе луксузни парчиња облека и не импресионира со глауморзниот изглед. Шведскиот бренд ќе лансира колекција која ќе може да се најде во избрани продавници ширум светот. Брендот ќе лансира ексклузивна колекцијаза црвениот килим, но и редовна колекција дизајнирана за целото семејство, жени, мажи и деца.