Каталогот содржи различни комбинации, соодветни за секоја една модерна жена, која сака да биде во чекор со најновите модни тенденции. Марката предлага богата колекција облека и аксесоари на достапни цени.
Прада најпосле ја презентира својата серија од аксесоари кои ги надополнуваат ансамблите од новата колекција на модната куќа за пролет/лето 2012 година. Клучен елемент од колекцијата со аксесоари се се разбира чевлите – високи подпетици и сандали на платформа.
Дизајнерот представи многу шарена колекција за пролет 2012 година. Од прв поглед се забележуваат оригиналните форми и необичните комбинации од бои. Чевлите се во разни нијанси, од класичното црно до светло зелено и лилаво. Основен материјал е кожата од питон.
Би сакала да ви ја представам новата колекција на Brian Atwood за 2012, дизајнер на чевли чија што работа беше многу ценета изминатава година. Прдржувајќи се на класичната форма, дизајнерот продолжува да експериментира со материјали и бои. Речиси сите модели имаат не само неколку бои, но и различна текстура.
Шанел повторно успеа да не изненади пријатно со новата пролетна колекција за 2012 година, која беше представена на модната недела во Париз. Видете каква е визијата на Карл Лагерфилд за пролетта на оваа година и слободно инспирирајте се за вашиот пролетен изглед, зошто навистина има од кого и од што. Шанел е едно од симболичните […]
Пролет 2012 за брендот ќе биде со многу стил, женственост, вистинска парада на бои и прекрасни материјали, розово, зелено, портокалово и романтични принтови. Сончев стил – така може да се дефинираа творечката инспирација на брендот за следната сезона.
Miu Miu за годината што следува е правиот избор, колекцијата е многу забавна и фокусирана на женственоста што секако го привлекува вниманието. Како целина моделите се доста конзервативни но со специфичен пристап кон боите за пролет 2012 година.
Не случајно Џими Чу е еден од омилените дизајнери во светот на шоу бизнисот. Звездите ги избираат моделите на брендот за најпознатите светски настани, зошто чевлите на талентираниот творец придаваат неверојатен стил и уникатност.
Една навистина неверојатно убава колекција. Свежи пролетни бои, ултра женствени и елегантни модели, едноставно совршени, не пропуштајте да ја погледнете, ќе се убедите дека заслужува!
Малиот црн фустан – едно од најдобрите нешта измислени од големата КокоШанел. Ова парче облека треба да го има во гардероберот на секоја современа жена. Денеска дизајнерите не ја пропуштаат можноста да го моделираат малиот црн фустан и да покажат како тој изгледа погледнато со нивните очи. Во галеријата подолу се едни од најдобрите модели […]
За да ја соживее марката McQ од Alexander McQueen дизајнерката Сара Бартон наоѓа инспирација во осаменоста на англиската провинција создавајќи ја колекцијата за есен 2012 година, запазувајќи го печатот на легендарниот дизајнер но без помпезност и премногу детали.
Еден од најкоментираните дизајнери во последно време, познатиот Gaetano Perrone предлага за дамите впечатливи модели чевли во чест на новата 2012 година. Прекрасна комбинација од класичен дизајн и футуристички елементи.