Мини чоколадни корпи
1 март, 20130
Потребни состојки (за 24 мини корпи):
- 175гр брашно
- 75гр путер
- 1 лажица шеќер во прав
- 3 лажици ладна вода
За фил:
- 100gr крем путер или крем сирење
- 1 лажица шеќер во прав
- 50гр чоколадо
- 1 јајце
Декорација:
- 50гр путер
- 50гр шеќер во прав
- 50гр чоколадо
Начин на подготовка:
Путерот исечете го на помали коцки и измешајте со брашното дека не добиете соединета смеса. Додадете шеќер и вода колку што е потребно за да се замеси меко тесто, замотајте и оставете 15 минути во фрижидер. Развлечете тенка кора, исечете помали кругови и обложете ги калапите за мини мафини или мали метални калапи.
Измешајте крем путер и шеќер во прав, додадете малку изматено јајце и растопено чоколадо. Изедначете ја смесата и наполнете ги корпите од тесто. Ставете да се печат 15-20 минути на 180 степени. Извадете ги од калап и оставете да се излади целосно.
Изматете путер и шеќер, додадете растопено чоколадо и со помош на шприц украсете ги корпите.