Мажите издржуваат 3 седмици без секс

1 март, 20130
5

Претставничките на понежниот пол можат да издржат околу 2 месеци без секс, но за разлика од нив машката апстиненција трае максимум 3 седмици, се вели во новото истражување. Тоа е така бидејќи жените се многу поемоционални и воздржани, па можат да се задоволат само со бакнеж или прегратка од саканиот.

Се разбира влијаат и други фактори како темперамент, возраст, ритам и стил на живот. 20 годишните имаат многу повисоко ниво на тестостерон и имаат потреба од секс многу почесто. Дури и кратка интимна пауза може да доведе до напнатост и гнев. После тоа настапува периодот каде предност има квалитетот пред квантитетот.

На 30 години мажот веќе не е толку обземен од идеата за секс, зошто има нови приоритети, фокусирани врз кариерата, семејството, децата. Сексот преминува во планиран настан за опуштање и намалување на стресот. При секс 3 пати неделно мажите на средна возраст се на седмо небо.

Кризата е најголема на 40 години. Според експертите физичката разлика меѓу 30 и 40 годишните мажи не е голема, но постои огромна пропаст на психолошко ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *