10 продукти кои се поскапени во моментов

22 ноември, 20100

Повеќето економии сеуште страдаат од кризата која започна минатат година, а побарувачката за стоките генерално е ниска. Ова, во комбинација со малата достапност на нештата, принудно ги зголеми цените на некои добра. Листата од Вол Стрит која ги покажува 10 производи кои ги имаат достогнато највисоките цени во овој период е во продолжние.
1. Мисирка – непосредно пред Денот на благодарноста кој се слави во САД цената на основниот производ кој треба да се најде на трпезата го достигна својот врв и се продава по цена од 1,09 долари за килограм.
2. Памук – овој производ денеска ја има достигнато својата највисока цена од 1.58 долари, пред се заради екстремниот недостаток на производство на памук од Кина.
3. Користени автомобили – голем број фактори вклучувајќи ја и ниската побарувачка, ја зголемија просечната цена на користените автомобили која денеска е највисока од кога и да е и достигнува и до 15.870 долари.
4. Злато – минатата недела цената на златото ја достигна својата највисока цена како никогаш до сега од 1.420 долари, а овој скапоцен метал се употребува во разни други производства како во електрониката, така да доколку неговата цена расте сигурно некои компании кои нудат микрочипови и слично како Интел ќе бидат исто така принудени да ги покачат цените, од компјутерите до паметните телеофни.
5. Школарина – школувањето на колеџ, се зголемува речиси во сите земји, а некаде студиите на приватните училишта достигнуваат цена од 50.000 долари.
6. Испорака – општите трошоци за превоз се секогаш во корелација со цените на горивото. Но, сепак цените на нјаголемите бродски компании продолжуваат да растат, како на пример ФедЕкс во септември објави дека просечната цена ќе се зголеми за 5,9%.
7. Лекарства на рецепта – цената на сите лекови расте непрекинато, каде според една студија на 2010 AARP просечната цена на најпознатите лекови од 2004 година е зголемена за 41,5%. Фармацевската индустрија изјавува дека зголемувањето на цените се должи пред се на високите трошоци за истражување, развој и маркетингот.
8. Мелено говедско месо – цената на овој производ варира од држава до држава и во поглед на квалитетот, но сепак насекаде низ САД цената на овој производ расте пред се заради растот на цената на пченката.
9. Тековна сметка – според студијата на Bankrate 2010, трошоците за одржување на тековните сметки, се зголемени повеќе од кога и да е, пречекорување на такси, минимум потребни салда се повеќе се зголемуваат во земјите низ Америка.
10. Најскапото Порше – Американската економија се уште се опоравува од најлошата рецесија во последните неколку децении, но се додека државата ја води својата бизнис елита, цените на високо луксузни предмети ќе продолжат да се покачуваат. На пример, “Порше” продаде 500 коли од 911 GT2 ограничено издание на РС, 133 од нив се Американци. 329.000 долари е малопродажната цена на GT2 на РС и е најскапиот досега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma