
Судот во францускиот град Монпелие му нареди на трговскиот синџир “Карфур” да исплати 20.000 евра отштета на клиент кој се повредил бидејќи се лизнал на лист од зелена салата во еден од супермаркетите и паднал. Инцидентот се случил пред четри години, а жената која ги тужи е 76 годишна баба, која во таа прилика се здобила со повеќекратни фрактури на бедрената коска. Судот сепак пресуди во нејзина корист, бидејќи администрацијата на маркетите морала да ги одржува чисти подовите во сите продавници.