5-те најопасни авионски компании

14 ноември, 20100

Ова е листата на најопасни авионски компании кои организираат меѓународни летови. Меѓу опасни авио компании спаѓаат и многу мали кои летаат исклучиво во земјата во која се регистрирани.
1. Cubana Airlines – според сите статискитки ова е најмалку сигурната компанија во светот со која треба да патувате. Авионите им се произведени во бившата СССР и на вкупно 320 илјади лета имале 8 фатални несреќи со вкупно загинати 404 луѓе.
2. China Airlines – Оваа компанија има доживеано голем број несреќи, меѓу кои најлоша беше во 2002 година, која се случи на летот од Тајван и Хонг Конг. Авионот тогаш падна во вода и загинаа 225 лица. На вкупно 910 илјади лета, авионите на оваа компанија имале 6 фатални несреќи со вкупно 763 жртви.
3. Iran Air – Од сигурносни причини на оваа компанија забрането и е да лета во земјите од ЕУ. Авионите на оваа компанија во последните 10 години имаат 3 големи авионски несреќи, и три во периодот од 1988 до 2000 година, вклучувајќи ја и онаа во 1988 кога загинаа 300 луѓе. На вкупно 970 илјади лета, авионите на оваа компанија имале 5 фатални несреќи со вкупно 708 жртви.
4. Philippine Airlines – Да не беа серијата на терористички напади, оваа компанија можеби и немаше да се најде на црната листа. Така и најголемата несреќа која се случи на оваа компанија е експлозијата на бомба во авионот, каде загинаа 36 лица. Со вкупно 1,18 милиони летови, оваа компанија има 6 фатални несреќи со 107 загинати лица.
5. Kenya Airways – Иако оваа компанија имаше само 2 фатални несреќи, со тоа што имала и мал број летови, сепак спаѓа во една од поопасните во светот. Двете фатални несреќи се имаат случено навечер, од кои едниот авион во 2000 година заврши во Атланскиот океан и загинаа 169 луѓе, а другата несреќа беше во 2007 година и загинаа 114 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *