Асанж ослободен со кауција, Шведска со жалба

14 декември, 20100
julian-assange-wikileaks

Лондонскиот суд со кауција го ослободи основачот на “Викиликс“, Џулијан Асанж, кој во притвор ја чекаше одлуката за екстрадиција во Шведска поради сомнежите за силување. Асанж е ослободен со кауција од 200 000 фунти која ја платиле бројните активисти за човекови права и познатите личности од целиот свет, вклучувајќи голем број на новинари и филмски режисери. Асанж беше приведен пред една недела врз основа на европскиот налог за апсење упатен од Шведска. Обвинителството на Шведска бара негова екстрадиција за да почне со истрага за силувањето за кое се товари Асанж. Судијата Ховард Ридл го одобрил ослободувањето на Асанж од затворот до следното сослушување кое треба да се одржи на 11 јануари. Шведска поднела жалба до британскиот суд веднаш по ослободувањето на Асанж со што се оспорила одлуката за негово пуштање од притвор.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi