Хелмут Зајфер, 47, од Германија го кастрирал дечкото на својата ќерка. Тој дознал дека неговата ќерка, која имала 17 години е во врска со човек кој има 57 години. Разбеснет од веста која ја добил, викнал уште двајца пријатели и се упатиле кон домот на 57 годишниот Филип. Тој не бил спремен на тоа што го чека, и бил немоќен да се справи со бесниот татко. Таткото со нож за леб, му ги отсекол тестисите на Филип. Тој веднаш викнал полиција и брза помош, при што се спасил од смрт, поради обилното крварење. Сега тој е вон животна опасност, но е осакатен за цел живот. Таткото, се изјаснил за невин. Тој, тоа го сторил само за да ја спаси својата ќерка од маж кој е постар од неа цели 40 години.