Менопауза

12 декември, 20100

Менопаузата не е болест, и не трае вечно. Ова е период кој може да помине без никакви промени кај жената, но може да биде и страшно неподнослив. Со цел да Ви помогнеме, еве неколку корисни совети како да се справите со непријатните симптоми на менопаузата. Се смета дека жената влегла во менопауза доколку, една година го нема редовниот месечен циклус. Но во годините кои и претходат, во така наречениот предменопаузен период се случуваат одредени процеси во женското тело. Јајниците произведуваат помала количина на женските хормнони есероген и прогестерон, додека овулацијата- месечното ослободување на јајце клетки е сѐ поретка. Ова варирање на хормоните може да предизвика непријатни симптоми кај менопаузата како што се несоница, нагли напади на жештина, нагли промени на расположението, сувост на вагината, невообичаени слаби и силни месечни циклуси. Кога станува збор за исхраната, во овој период се препорачува да се внесува тофу во големи количини, како и ленено семе. Се препорачува дневно да се земаат по 1-2 супени лажици, како додаток во јадење. Избегнувајте алкохолни пијалоци, кафе како и зачинета храна. Тоа само ќе ви ги зголеми симптомите. Витаминот Е може многу да ви помогне за регулирање на топлината и ноќните потења. Се препорачува секое утро да се туширате со млака вода, по 20 мин. Тоа ќе ви помогне во текот на целиот ден. За да се спречи губитокот на коскената маса, се препорачува секојденво да внесувате протеини. Не епотребо да јадете мнгу риба, месо и сл, доволно е да изедете количина колку вашата дланка. Но, сепак е потребо да се консултирате со вашиот лекар. Не земајте било какви лекови на своја рака. Тоа може да предизвика хормонско пореметување кое може да биде проследено со болки во градите, главата и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *