Будистот Мик Џегер

23 септември, 20100
mick-jagger

Ѕвездата на Стоунси, Мик Џегер, беше затворен во својата осаменост за време на духовната посета на Далечниот Исток, дури со затемнети прозорци од својот луксузен апартман. Џегер седел со часови во хотелската библиотека и излегувал само кога требало да посети некој храм или кога требало да медитира со монасите. За време на еднонеделната посета на градот Луанг Прабанг во Лаос, Југоисточна Азија, Џегер пиел само вода.
Британскиот “The Sun“ јавува дека Мик резервирал две соби во хотелот, една за него, а друга за неговиот багаж. Иако апартманот имал прекрасен поглед, неговите прозорци биле постојано затемнети. Изворот вели дека Мик ова патување го искористил да се регенерира самиот себе. Мик бели дека првото нешто што го практикувал секое утро се будизмот и медитацијата. Ѕвездата на Стоунси е редовен посетител на Лаос. Тој го опишува градот како заборавена земја и како негов животен чувар, негово омилено место во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *