Бугајски: Ниедна членка на НАТО не сака да биде вовлечена во спор со Грција

2 декември, 20100

На Самитот на НАТО во Лисабон беше потврден ставот од Букурешт дека Македонија ќе стане членка кога ќе го реши проблемот со името. Јануш Бугајски од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон за вавиот исход коментира: “Како и што се очекуваше“, јавува Гласот на Америка на македонски јазик. “Сите знаеја дека нема да има формална покана за членство на Македонија сеж додека не се најде решение за спорот со Грција. Мислам дека ниту една членка на НАТО не сака да интервенира, затоа што тоа е билатерално прашање за изнаоѓање решение. Но доколку САД и која и да е друга членка на НАТО може да дадат помош, сигурен сум дека со задоволство ќе помогнат. Се надевам дека до наредниот самит на НАТО за две години, Скопје официјално ќе добие покана за членство“, вели Бугајски. Иако минаа двеипол години од самитот во Букурешт, се уште нема решение за името. Зошто, оттаму, надеж за брза завршница на повеќепоценискиот спор? “Не би рекол брза, затоа што нема да се реши преку ноќ. Мислам дека Грција има свои внатрешни проблеми со кои се справува, и во рамки на ЕУ. Македонија има различни прашања што самата треба да ги реши. Сеж додека биде направен некаков напредок, некаков основен договор што може да се ратификува, тоа би можело да иж помогне на земјата да добие некаков вид на покана за членство“, коментира аналитичарот од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон. НАТО, и како други меѓународни организации, се води од принципот на консензус, што е неопходен и за членство, потсетува аналитичарот Бугајски. “Владата во Македонија треба да има ум дека не само што треба да има добри односи со Грција, туку и такви во кои ќе има компромис, за да на неа се гледа како на добар партнер во НАТО. Не се работи само за членството, туку земјата треба да егзистира до соседот. Мислам дека е подобро да се почне на здрава нога, кога ќе биде постигнат договор, вели Бугајски“.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *