Целоснa трансплантација на лице

23 септември, 20100
face-transplant_1685699c

Јавноста имаше можност да го види првото пресадено лице на Шпанецот, кој се подложи на целосна трансплантација и менување на личниот опис. На конференцијата за печат одржана во болницата Valn d’Ebron, недалеку од Барселона, 31-годишниот Шпанец претставен само под името Оскар, се заблагодари на лекарскиот тим и своето семејство. За време на операцијата која траела 24 часа, хирурзите од донатор ги извадиле сите делови од лицето: вилица, нос, јаболчници, мускули, заби, очни капаци, и во вид на маска ги пресадиле на пациентот. Пред пет години, Оскар доживеал несреќа во која неговото лице било целосно деформирано, имал проблеми со дишењето, говорот и голтањето. Тимот на доктори изјави дека на Оскар ќе му биде потребна цела година под кинезитерапија, после која ќе може да движи 90% од лицето. Една недела после интервенцијата му било потребно бричење, што е еден од првите позитивни знаци за трансплантацијата. Првото пресадување кое било парцијално е направено во Франција, во 2005 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *