Во едно истражување учествувале 65 волонтери на возраст од 35 – 70 години, со благо покачен крвен притисок. На половината од групата им било дадена обврска да пијат по три шољи чај од хибискус на ден во период од шест недели. Другата половина ја немале таа обврска, но сите испитаници биле советувани да се држат до своите нормални навики за исхрана и физички активности. После периодот од шест недели, кај групата што конзумирала чај од хибискус, било забележано дека крвениот притисок бил значително намален.