Дали Ирска ќе стане должна како Грчка?

11 ноември, 20100

Ирските финанскиски проблеми денеска се повеќе се заострени, откако инвеститорите кои се обложуваат на тоа дека Ирска наскоро ќе ја следи Грција во барањето помош од ЕУ, кои ги покачија каматите на 10 годишните ирски обврзници на ново рекордно високо ниво. Камтната стапка на 10 годишните ирски државни обврзници премина на 8, за прв пат откако е вовоедено еврото. Многу луѓе се убедени дека Ирска ќе мора да бара помош од европскиот фонд за земји на кој им се заканува банкрот. Шеснаесет земји од евро зоната основаа фонд од 750 милијарди евра, откако ЕУ и ММФ мораа да ја спасуваат Грција. Долгот на Ирска станува се поголем од септември, кога владата призна дека спасувањето на петте најголеми банки вреди “најмалку 45 милијарди евра, или 10.000 евра по жителво земја. Поради ова преоектираниот дефицит за 2010 година порасна во неверојатни 32%, што во Европа не е забележан од втората светска војна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *