Познатата шкотска традиција, која неметнува носење на познатиот килт, традиционалната сукња која ја носат мажите во Шкотска, деновиве претрпе серизни критики. Scottish Tartans Authority, институција која се грижи за зачувување на традиционалната носија- килт, смета дека е многу детинесто и нехигиенски, мажите под оваа сукња да не носат долна облека. Тоа е исто како што се облекува долна облека под панталоните, истакнуваат тие. Но, на тоа се спротивставиле здруженијата за производство на традиционалната носија. Тие сметаат дека тоа е вреден обичај кој станал традиција изречен од командант на војската, под фустанот да се носи само она што Господ го создал.