Дали виното е новиот диетален пијалак?

23 септември, 20100
wine-glass-pour3

Научниците тврдат дека конзумирањето на вино може да го спречи зголемувањето на вашата тежина. Време е да го тргнете на страна џусот и да си наточите еден Pinot Noir. Според едно ново истражување се тврди дека виното може да ви помогне во одржување на вашата тежина. Се разбира, не станува збор за конзумирање на едно шише вино дневно, туку всушност за скромно конзумирање од една чаша на ден. Доказите се импресивни. Истражувачите внимателно проследиле околу 20.000 жени со нормална тежина, во тек од 13 години. Во меѓувреме, жените што пиеле чаша до две црвено вино на ден биле со 30% помалку шанси да се здебелат, отколку оние што не пиеле. Тоа и не е зачудувачки, затоа што виното е богато со антиоксиданси кои го намалуваат холестеролот и крвниот притисок. Конзумирањето алкохол го поттикнува телото да согорува калории, но да не заборавиме дека и самиот алкохол ги содржи истите. На пример, виното содржи 125 калории во 0,14 l. вино. Затоа и прекумерното пиење може да ја зголеми вашата тежина. Исто така, жените имаат помало количество на ензим што го метаболизира алкохолот отколку мажите. Жената со една чаша вино може повеќе да согори од машкиот организам, со тоа што нему не му треба толку снага за да согори, додека женскиот организам треба дополнително да го произведе тој ензим. Значи, чаша вино со здрава диета и вежбање е навистина пат кон поздрав живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi