Дани Алвеш: Роналдо е арогантен

14 декември, 20100
alves_1

Дефанзивецот на Барселона и бразилската репрезентација, Дани Алвеш во интервју за португалскиот дневник А бола”, меѓу останатото, се осврнал и на напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. Најскапиот фудбалер на светот го нарекол – арогантен. “За да бидете најдобар играч на светот, не е доволно само да играте добро, туку Вас мора и луѓето да ве сакаат. А мислам дека неговото однесување по малку ја руши неговата играчка големина.” – искрено признал Алвеш. Бразилецот уште еднаш нагласил дека Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на светот, но и дека истовремено има и неколку мани. “Мислам дека најдобриот фудбалер на светот треба да биде мирен дечко, скромен, добар… А Лео Меси го има сето тоа, додека на Кристијано често му недостасуваат такви квалитети.” – Алвеш на крајот открил кого навистина го смета за најдобар фудбалер на планетата.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *