Дедо Мраз доби отказ

12 декември, 20100

Да добиете отказ во Америка, каде речиси постои 10% невработеност, ова немаше да предизвика изненадување кај нас, но работното место го загуби еден Дедо Мраз од една стоковна куќа поради кажување на невкусни вицеви. Џон Туми е 68 годишниот старец кои успешно веќе 20 години ја игра улогата на Дедо Мраз за време на божиќните и новогодишните празници во стоковната куќа Мејсиз во Сан Франциско. Тој бил отпуштен од ова место, а набргу си нашол нов работодавец и подобро работно место. Во Мејсиз му рекле дека неговите услуги повеќе нема да им бидат потребни, откако се пожалил еден брачен пар на лошите шеги на дедо Мразот. Имено, парот седнал во скут кај дедо Мраз и тој ги прашал дали биле добри оваа година, тие одговориле потврдно, а потоа тој им рекол ууу тоа не е добро изјавил Туми за локалните медиуми. И ако некој запрашал зошто Дедо Мраз е толку весел, тој на чега одговарал дека знае каде живеат непослушните момчиња и девојчиња, и тоа било прв пат некој да се пожали на неговите шеги. Тој истакнал и дека никогаш не се шалел на овој начин кога во скут му седнувале децата. Но, на сите оние кои тој им недостигал, им олеснало кога дознале дека Дедо Мраз си нашол нова работа во ресторанот Lefti O’Doul, кој е само на неколку блокови одалечен од стоковната куќа. Истовремено тој ќе работи и како портпарол на голема хуманитарна акција наменета за децата. Сопственикот на ресторанот Ник Бовис, изјавил дека популарноста на Туми и ликот на Дедо Мраз кој тој го глуми, многу успешно дпомогнала во акцијата за собирање играчки кои ќе се подаруваат на загрозените деца. Контроверзниот отказ, не ги спречило децата и возрасните и понатаму да чекаат во ред и да седнат кља познатиот Дедо Мраз во скут. Во меѓувреме Туми беше и гостин во шоуто на Џеј Лено, а неговиот нов газда изјавил дека не се плаши од неговите шеги, бидејќи тој знаел да разликува добро и лошо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi