
Минатата недела беше последниот рок за достава на филмовите за Канскиот филмски фестивал За жал долго најавувуваниот филм на Теренс Мелик, “Дрвото на животот” не успеа да да се доврши и да се појави на фестивалот. Изјавуваат дека околу 97% од филмот е завршен но, останувале да се доработат некои ефекти. Сепак тие кажуваат дека не жалат за доцнењето затоа што сето тоа вреди. Се зборува дека ова е најдобриот филм што до сега го има направено Теренс Мелик. Познато е дека како дел од актерската екипа на овој филм се Бред Пит и Шон Пен. Филмот ќе биде готов за некој ден, така што ќе може да го погледнете веќе од почетокот на следната година.