
Лореал, од следната година добива нов глобален амбасадор на нивните производи за коса. Мулти талентираната латино ѕвезда Џенифер Лопез, од сега па натаму ќе ги рекламира производите на Лореал наменети за нега на коса. Иако таа е позната по облините на телото, на рекламата која се снимаше главен адут беше нејзината коса, но и кокетирањето. Оваа реклама премиерно ќе биде пуштена на 16 јануари, следната година на манифестацијата Златен Глобус.