Џоли и Пит купуваат куќа во Колумбија
12 декември, 20100

Анџелина Џоли и Бред Пит планирале да купат куќа во Колумбија. Славниот холивудски пар за таа цел го ангажирал Италијанецот Алесандро Прота, агент за недвижности, за нив да најде куќа во Колумбија, пренесуваат светските медиуми. На Џоли и Пит им се допаднал регионот околу колумбискиот град Кали, трет по големина. Тие сакале таму да имаат дом со најмалку 15 соби.
Извор: Нетпрес