Facebook ќе го претстави својот email – “Убиецот на gmail”?

Денеска во Сан Франциско започнува тродневна конференција на која ќе учествуваат сите оние кои значат нешто поголемо на интернет сцената. За денеска се најавува и лансирањето на новата вебпошта од страна на Facebook, која им се заканува на најголемите Gmail, Yahoo Mail и Hotmail. Сите 500 милиони корисници на социјалната мрежа наводно ќе можат веднаш да почнат да го користат новиот …@facebook.com, јави TechCrunch.
TechCrunch се повикува на извори блиски на facebook-овиот роект кој е наречен Титан, за кој првите информации протекоа нешто порано оваа година, а портпаролот на facebook немаше никаков коментар за прашањата околу отварањето на email на FB. Разни дискусии се водеа по блогови и на крај станало јасно дека доменот www.fb.com сепак е купен од социјалната мрежа и тоа најверојатно за отварање на електронска пошта.