Фернандо Торес – Сеуште не е во топ форма

7 ноември, 20100

Иако со два гола го потопи Челзи во дербито на колото во англиската Премиер лига, напаѓачот на Ливерпул Фернандо Торес вели дека сеуште не се вратил во својата вистинска форма, додавајќи дека најдоброто од него треба да го видиме во претстојните мечеви. “Од ден на ден се чувствувам се подобро и чувствувам дека напредувам.” – рекол Торес, кој со двата гола дојде до импресивна бројка од 44 гола на 47 домашни натпревари по пристигнувањето на “Енфилд”. “Беше тешко, имав тежок крај минатата сезона, како и Светското првенство, со многу повреди. Не знам дали набрзо ќе заиграм онака како што најдобро можам, но се надевам дека ќе постигнам топ форма. Критиките се дел од животот на секој фудбалер. Јас ги знам очекувањата од мене и сакам напорно да работам да дојдам во најдобра форма.” – вели Шпанецот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi