
Многу наскоро нѐ очекуваат уште три верзии на приказната од нашето детство Снежана и седумте џуџиња. Филмската верзија за двете верзии е веќе објавена. Во едната, лошата кралица ќе биде Џулија Робертс. Додека пак во другата верзија понудата и била дадена на Шарлиз Терон. Но, знаејќи дека таа веќе се спрема за новиот филм на Клинт Иствуд, во кој ќе глуми заедно со Леонардо Ди Каприо, нејзиното појавување во Снежана сеуште не е дефинирано.