Германците ќе дадат 110 милиони евра за новогодишен огномет
29 декември, 20100

Граѓаните на Германија ќе потрошат околу 110 милиони евра за мали улични огномети за време на новогодишната ноќ, пренесува агенцијата Бета. Германското здружение на пиротехничката индустрија соопштило дека се очекува и оваа година да се повтори прометот од 2009 година кога биле потрошени рекордни 113 милиони евра за пиротехнички средства. Во Германија продажбата на ракети за мал уличен огномет е дозволена само помеѓу 29 и 31 декември, а купувачите мора да бидат постари од 18 години.
Извор: Нетпрес