Гошн останува на чело на компанијата Нисан

22 септември, 20100
Carlos-Ghosn

Според некои странски веб медиуми, стигнаа информации дека Карлос Гошн, извршниот директор на Нисан, ќе ја напушти позицијата. Но портпаролот на Нисан, Катерин Закари, официјално ги демантираше овие информации и им потврди на медиумите дека Карлос Гошн останува на позицијата извршен директор на овој бренд. Исто така, портпаролката изјавила дека во блиска иднина нема ни да има промена во врвниот менаџмент на оваа компанија. Карлос Гошн е скоро 10 години на чело на Нисан, претходно работел како оперативен директор и една година како претседател на компанијата, а од 2005 година ја води и сестринската фирма Рено.
Кој е Карлос Гошн?
Дали сум љубител на автомобилите? – Да. Дали сум авто-фанатик? – Не. Јас сигурно нема да донесам лоша деловна одлука, само затоа што ги сакам автомобилите – се зборовите на либанецот роден во Бразил, во 1954 година и школуван во Франција, кој сигурно е најголемиот бос на светската автомобилска индустрија. Во моментов води две фабрики. Првата е Нисан, која во рекорден рок ја извлече од долговите и ја направи најбрзо растечка компанија меѓу светската автомобилска индустрија. Следната компанија која успешно работи под негова капа е Рено. За кратко потсетување, Рено во 1999 година го купи контролниот пакет акции на Нисан, кога оваа компанија беше на работ од пропаст. Долгот изнесуваше околу 20 милиони долари, а од 48 модели на автомобили, само 3 носеа приходи. Тогаш Рено испрати 5,4 милијарди долари, Гошн веднаш направи тригодишен план, даде отказ на многу работници, ги затвори непрофитабилните фабрики, раскина бројни договори со добавувачите. После 2 години, компанијата почна да генерира профит, и не само што Нисан е веќе 8 години во плус, туку почна и да бележи рекордни добивки. Денес, Карлос Гошн има статус на национален јунак во Јапонија, постана и прав стрип јунак. Таму, во 2001 година е објавен и серијал за неговиот живот, со наслов “Правиот живот на Карлос Гошн”. Тој 40% од времето го поминува во Париз. Другите 40% во Токио, а преостанатите 20% во САД, Кина и останати земји каде делуваат неговите компании. Тој е еден од членовите на управата во Сони и Алко, а на времето беше и во управниот одбор на ИБМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi