
Европскиот институт за дизајн во Торино имаше проект во соработка со Ducati, како дел од тригодишната програма за постдипломски студии за Транспортен Дизајн. Ducati, барајќи нови идеи за во иднина, ги мотивираше студентите на IED во Торино во креирањето на нови идеи за дизајн на познатите моторцикли. Студентите покажаа одлични резултати и се здобија со искуство кое навистина ќе им вреди во иднина. Десет студенти направија десет различни скици, од кои пет беа одбрани за понатамошна обработка. Ducati одбра една скица на моделот Twins, направена од Simone Buonpensiere и Daniele Mazzon, од која после е направен комплетен модел. Twins е категорија на моторцикл, која би можела да задоволи простран опсег на клиенти. Проектот е развиен со цел да се извадат два моторцикли со различни карактеристики, базирани на оригиналната смисла. Првата верзија е направена за да задоволи погламурозни клиенти, додека втората верзија е направена за подинамичните клиенти кои бараат позабавен и екстремен моторцикл. Интересни идеи и можни идни членови во Ducati.