Германски хакери на возраст од 17 и 23 години провалиле во компјутерите на Лејди Гага, Џастин Тимберлејк и други педесет познати музички ѕвезди. При тоа им биле украдени фотографии од приватниот живот, неиздадени песни, броеви на кредитни картички, и други информации кои ги чувале во компјутерот. Според зборовите на германската полиција, хакерите од кои едниот е малолетен не направиле ништо спектакуларно само што внеле многу вируси во компјутерите на ѕвездите. Но, реалноста е поинаква. На пејачката Кеша, и биле земени фотографии на кои таа била гола, и продадени се и неколку необјавени песни на Кели Кларксон. Сега за сега штетата која е направена сеуште не е проценета.