И наплатиле 5 долари повеќе поради прекумерна тежина

25 септември, 20100

Салон за нокти во Грузија и наплатил 5 долари повеќе на Мишел Фонвил која дошла за педикир и маникир, бидејќи имала прекумерна тежина и можела да ги оштети столчињата во салонот. Мишел го посетила салонот за лакирање на ноктите на рацете и нозете, а по третманот добила поголема сметка отколку што требало. Таа ја замолила службеничката да провери дали ненамерно и е наплатено повеќе и изјавила дека искрено се надева дека е грешка.
Службеничката и објаснила дека и наплатиле 5 долари повеќе поради нејзината прекумерна тежина. Ким Тан, менаџер во салонот, објаснил дека столчињата во салонот можат да издржат тежина, но за нивните поправки плаќаат преку 2500 долари. Госпоѓата Фонвил изјавила дека за ова ќе протестира во јавноста, а менаџерот и ги вратил 5-те долари и кажал дека следен пат нема да можат да ја услужат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *