Виталниот старец својата машкост ја припишува на калоричните диети, а вели дека дневно пие по три литри млеко, јаде половина килограм бадеми и половина килограм путер. Рамајит Рагнав од Индија тврди дека неговата сопруга Шакунтала, која има 59 години, минатиот месец го родила синот Карамјита. Двојката опишале како детето за нив е “божји дар“ и дека планирале да имаат уште деца. Рамајит е најверојатно најстариот маж на светот кој станал татко на 94 години. “Прекрасно е да бидеш најстариот татко на светот. Го сакав ова дете и се молев на Шива. Тој ми ги слушна молитвите“, изјавил Рамајит. Гордиот татко на прашањето дали е загрижен за иднината на својот син изјавил дека ќе си игра со него барем уште една деценија. Рамајит истакнал и дека на неговиот син нема ништо да му се случи по неговата смрт. Тој бил убеден дека ќе живее повеќе од 100 години. Доколку тврдењата на Рамајит се точни, тој ќе ја одземе титулата на најстариот “новопечен“ татко на светот Раму Јоги, кој во своите 90-ти години во 2007 година по 22-ри пат стана татко.
Извор: Нетпрес